Нов Завет

Maтеј 18:21-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Тогаш Петар Му пристапи на Исус и Го праша: „Ако еден од моите браќа повеќепати ми згреши, колкупати треба да му простувам? Седум пати ли?“

22. А Исус му одговори: „Не седумпати, туку седумдесет пати по седум!

23. Ќе ви објаснам преку една споредба. Небесното царство може да се спореди со цар којшто решил да си ги расчисти сметките со своите слуги на кои им позајмил од своите пари.

24. Кога почна да проверува, му доведоа еден што му должеше десет илјади таланти.

25. Бидејќи слугата не можеше да си го плати долгот, господарот нареди да биде продаден како роб заедно со жената и децата и со си што поседуваа, па така да си го наплати долгот.

26. Тогаш слугата падна ничкум пред царот и почна да го моли: „Стрпи се со мене и ќе ти го исплатам целиот долг!“

27. На царот му падна жал и го пушти, отпишувајќи му го долгот.

28. Но кога овој слуга излезе, сретна еден од своите другари кој му должеше сто денарии, па го фати за гуша и почна да го дави, викајќи му: „Врати ми го долгот!“

29. Тогаш неговиот другар клекна и почна да го моли: „Стрпи се со мене и ќе ти го исплатам целиот долг!“

30. Но овој не сакаше, туку го фрли в затвор додека не му го врати долгот.

31. Кога другите слуги видоа што се случи, многу се огорчија, па отидоа кај царот и му го кажаа сето ова.

32. Тогаш царот го повика оној слуга и му рече: „Колку си лош! Кога ти ме молеше, јас ти го простив целиот долг.

Прочитајте целосна глава Maтеј 18