Нов Завет

Maтеј 16:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. И колку кошници собравте од седумте леба со кои нахранив четири илјади души?

11. Како не сфаќате дека не зборував за леб, кога ви реков: ,Чувајте се од квасецот на фарисеите и садукеите‘!?“

12. Дури тогаш сфатија дека не им вели да се чуваат од квасец за леб, туку од она што го проповедаат фарисеите и садукеите.

13. Пристигнувајќи во околината на градот Цезареја Филипова, Исус ги запраша Своите ученици: „Што велат луѓето за Мене, Синот Човечки?“

14. А тие одговорија: „Едни велат дека Си Јован Крстител, други дека си пророкот Илија, а трети дека Си пророкот Еремија или еден од пророците.“

Прочитајте целосна глава Maтеј 16