Нов Завет

Maтеј 15:26-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Но Исус ђ одговори: „Не е право да се одземе лебот од децата и да им се фрли на кучињата!“

27. Тогаш, таа одговори: „Така е, Господине; но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари!“

28. На ова, Исус ђ одговори: „Голема вера имаш ти, жено! Нека ти се исполни желбата!“ Во истиот миг нејзината ќерка беше исцелена.

29. Заминувајќи си оттаму, Исус се упати назад, кон брегот на Галилејското Езеро; таму се искачи на еден рид и седна.

30. Надојде голема толпа народ, водејќи со себе куци, сакати, слепи, глувонеми и многу други болни, кои Му ги положуваа пред нозе, и Тој ги исцелуваше.

Прочитајте целосна глава Maтеј 15