Нов Завет

Maтеј 14:23-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Штом го отпушти народот, Тој се искачи на гората да се моли насамо. Веќе беше ноќ, а Тој си уште беше таму сам.

24. А бротчето се наоѓаше сред езеро, под удар на силни бранови, зашто дуваше силен ветар во спротивна насока.

25. Некаде меѓу три и шест часот наутро Исус се упати кон нив, чекорејќи по водата.

26. Кога Го забележаа како чекори по водата, учениците се исплашија и извикаа: „Ова е дух!“ И почнаа да пискаат.

Прочитајте целосна глава Maтеј 14