Нов Завет

Maтеј 14:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во тоа време, вестите за Исус допреа и до Ирод царот на покраината Галилеја,

2. кој им велеше на своите службеници: „Тоа мора да е Јован Крстител кој воскреснал од мртвите и затоа има моќ да прави вакви чуда!“

3. Бидејќи Ирод го беше уапсил Јована, и во пранги го беше фрлил в затвор, за да ђ удоволи на Иродијада жената на Филип, кој му беше брат на Ирод.

4. Јован постојано му велеше на Ирод: „Ти немаш право да ја присвојуваш жената на брат ти!“

5. Ирод сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто сите го сметаа Јован Крстител за пророк.

Прочитајте целосна глава Maтеј 14