Нов Завет

Maтеј 14:1-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Во тоа време, вестите за Исус допреа и до Ирод царот на покраината Галилеја,

2. кој им велеше на своите службеници: „Тоа мора да е Јован Крстител кој воскреснал од мртвите и затоа има моќ да прави вакви чуда!“

3. Бидејќи Ирод го беше уапсил Јована, и во пранги го беше фрлил в затвор, за да ђ удоволи на Иродијада жената на Филип, кој му беше брат на Ирод.

4. Јован постојано му велеше на Ирод: „Ти немаш право да ја присвојуваш жената на брат ти!“

5. Ирод сакаше да го убие, но се плашеше од народот, зашто сите го сметаа Јован Крстител за пророк.

6. Но, на роденденот на Ирод, ќерката на Иродијада танцуваше пред сите и толку му угоди на Ирод,

7. што тој со заклетва ђ вети дека ќе ђ даде си што ќе побара.

8. По совет на мајка си, таа му рече: „Донеси ми ја овде, на послужавник, главата на Јован Крстител!“

9. Царот зажали за своето ветување, но поради својата заклетва и поради гостите, тој заповеда желбата да ђ биде исполнета.

10. Испрати луѓе кои во затворот му ја отсекоа главата на Јован,

11. и ја донесоа на послужавник кај девојката, а таа ја однесе кај мајка си.

Прочитајте целосна глава Maтеј 14