Нов Завет

Maтеј 13:2-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

2. Околу Него се насобра голема толпа народ и Тој се искачи и седна на едно бротче, а народот остана да стои на брегот.

3. И му говореше за многу нешта, користејќи се со споредби.

4. „Еден сејач излезе да сее на својата нива. Сеејќи така, дел од семето падна на тврда почва, покрај патот; долетаа птици и го исколваа.

5. Друг дел од семето падна на каменеста почва, каде што имаше малку земја, и тоа брзо никна бидејќи земјата беше плитка.

6. Но штом запече сонцето, стебленцето свена и се исуши, бидејќи немаше доволно длабоки корени за да го одржат во живот.

7. Трет дел од семето падна меѓу трње. Кога пораснаа трњето го задушија стебленцето.

8. Конечно, дел од семето падна на плодна почва и донесе плод: едно стебло роди сто, друго шеесет, а трето триесет зрна.

Прочитајте целосна глава Maтеј 13