Нов Завет

Maтеј 12:7-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Да бевте разбрале што значат Божјите зборови: ,Од вас сакам да покажувате милост, а не да Ми принесувате жртви‘, немаше да ги осудувате овие невини луѓе.

8. Зашто Јас, Синот Човечки, сум Господар и на саботата.“

9. Заминувајќи си оттаму, Исус влезе во нивната синагога,

10. каде што виде и еден човек со парализирана рака. Со намера да Го обвинат, фарисеите Го прашаа Исуса: „Смее ли да се исцелува во сабота?“

11. А Тој им одговори: „ Ако некој од вас има само една овца и таа му падне в јама во саботен ден, нема ли да посегне и да ја извади?

12. А колку поскапоцен од овца е човекот! Според тоа, да се прави добро во сабота е во целосна согласност со Божјиот Закон.“

13. Тогаш му се обрати на човекот: „Испружи си ја раката!“ Тој ја испружи заболената рака и таа му стана здрава како и другата.

14. А фарисеите излегоа и почнаа да подготвуваат заговор да Го убијат Исуса.

15. Кога дозна за тоа, Исус си замина оттаму, следен од толпа народ. Тој ги исцелуваше сите болни меѓу нив,

Прочитајте целосна глава Maтеј 12