Нов Завет

Maтеј 12:39-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

39. А Исус им одговори: „Само грешните и безбожни луѓе бараат чудотворен знак, но ним нема да им биде даден никаков друг знак, освен знакот на пророкот Јона:

40. како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Јас, Синот Човечки, ќе минам три дни и три ноќи во срцето на Земјата.

41. На Судниот ден, жителите на градот Нинева ќе станат и ќе ја осудат оваа генерација, зашто во тоа време кога Јона им проповедаше, тие се покајаа. А еве, пред вас стои Некој што е многу поголем од Јона а кај вас нема покајание!

42. И кралицата од Шеба ќе стане на Судниот ден и ќе ја осуди оваа генерација, зашто таа дојде од далечна земја за да ја чуе мудроста на Соломон. А еве, пред вас стои Некој што е многу поголем од Соломон, а вие не Го слушате!“

43. „Кога еден зол дух ќе излезе од човекот, тој снови по запустени места во потрага по спокојство, кое не го наоѓа;

44. тогаш, ќе си рече: ,Да си се вратам јас во моето претходно живеалиште!‘ При враќањето забележува дека местото е празно, чисто и уредно;

45. па оди и доведува уште седум духови, полоши од себе, со кои се враќа и се населува таму, така што сега состојбата на човекот му е уште полоша од претходната! Тоа ќе ђ се случи и на оваа зла генерација!“

Прочитајте целосна глава Maтеј 12