Нов Завет

Maтеј 12:14-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

14. А фарисеите излегоа и почнаа да подготвуваат заговор да Го убијат Исуса.

15. Кога дозна за тоа, Исус си замина оттаму, следен од толпа народ. Тој ги исцелуваше сите болни меѓу нив,

16. но не им дозволуваше да шират гласови за Него.

17. Со тоа се исполнуваше она што го навести Бог преку пророкот Исаија:

18. „Еве Го Мојот избран слуга, Мојот Љубимец, задоволството на Мојата душа! Нему ќе Му го дадам Мојот Дух, Тој ќе им ја објави Мојата правда на народите.

19. Нема да се расправа, ниту пак ќе вика гласот нема да му одекнува по улиците.

20. Нема да дотолчува ранета душа, што е како скршена трска, нема да ја угасне и најмалата надеж, макар таа да е како фитил што тлее, си додека правдата не победи.

21. А сите народи ќе ја положат својата надеж во Неговото име.“

22. Тогаш доведоа кај Исус еден слеп и нем човек, кој беше обземен од демонски духови, и Тој го исцели, така што немиот прозборува и прогледа.

23. Целиот народ беше вчудовиден и се прашуваше: „Да не е овој Месијата, Синот Давидов?“

24. Кога фарисеите разбраа за тоа, рекоа: „Тој изгонува демони бидејќи демонскиот поглавар Баалзибул е во Него!“

Прочитајте целосна глава Maтеј 12