Нов Завет

Maтеј 12:12-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. А колку поскапоцен од овца е човекот! Според тоа, да се прави добро во сабота е во целосна согласност со Божјиот Закон.“

13. Тогаш му се обрати на човекот: „Испружи си ја раката!“ Тој ја испружи заболената рака и таа му стана здрава како и другата.

14. А фарисеите излегоа и почнаа да подготвуваат заговор да Го убијат Исуса.

15. Кога дозна за тоа, Исус си замина оттаму, следен од толпа народ. Тој ги исцелуваше сите болни меѓу нив,

16. но не им дозволуваше да шират гласови за Него.

17. Со тоа се исполнуваше она што го навести Бог преку пророкот Исаија:

Прочитајте целосна глава Maтеј 12