Нов Завет

Maтеј 12:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Набргу потоа, во еден саботен ден, Исус минуваше преку нивите насадени со пченка. Неговите ученици беа гладни и почнаа да кинат клавчиња и да јадат.

2. Кога го забележаа тоа фарисеите, Му рекоа на Исус: „Гледај, Твоите ученици го прават тоа што не е дозволено да се прави во сабота!“

3. А Исус им одговори: „Зар не сте читале што направија Давид и неговите луѓе кога огладнеа?

Прочитајте целосна глава Maтеј 12