Нов Завет

Maтеј 11:6-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Блазе си им на оние кои не се колебаат во однос на Мене!“

7. Додека тие си заминуваа, Исус почна да му зборува на народот за Јован Крстител: „Кога одевте во пустината, кај Јован, што очекувавте да видите: трска што се лулее на ветрот?

8. Што излеговте да гледате: човек дотеран во раскошна облека? Луѓето што се облекуваат раскошно живеат во царски палати!

9. Тогаш, што излеговте да видите: пророк? Да, ви кажувам Јован е и повеќе од пророк!

10. Јован е тој за којшто Бог во Светото Писмо вели: ,Еве, испраќам Свој гласник, кој ќе го подготви патот пред Тебе.‘

11. Ве уверувам дека, меѓу родените од жена нема поголем од Јован Крстител; и покрај тоа, и најмалиот во небесното царство е поголем од него.

Прочитајте целосна глава Maтеј 11