Нов Завет

Maтеј 10:27-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

27. Тоа што ви го кажувам сега во темнина, разгласете го преку денот и она што ви е кажано со шепот, разгласувајте го гласно, од покривите на куќите!

28. Не плашете се од оние што можат да го убијат само телото, а не можат да ја убијат душата; плашете се единствено од Бог, Кој има моќ да ги уништи и душата и телото во пеколот.

29. Зар не се продаваат две врапчиња за една паричка? Па сепак, ниедно од нив не паѓа наземи, ако тоа не го дозволи вашиот небесен Татко.

30. А вам и влакната на главата ви се броени!

31. Затоа, не плашете се; вие сте многу поскапоцени од јата врапчиња!“

32. „Секој што ќе Ме признае Мене јавно пред луѓето, ќе го признаам и Јас јавно, пред Мојот небесен Татко.

33. А секој што ќе се откаже од Мене пред луѓето, ќе се откажам и Јас од него, пред Мојот небесен Татко.“

34. „Немојте да мислите дека дојдов да воспоставам мир на Земјата! Не дојдов да донесам мир, туку меч!

35. Зашто, Јас дојдов да противставам син против татко, ќерка против мајка и снаа против свекрва;

Прочитајте целосна глава Maтеј 10