Нов Завет

Maтеј 1:7-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. од Соломон се роди Рехавам, од Рехавам се роди Авија, од Авија се роди Асаф,

8. од Асаф се роди Јехошафат, од Јехошафат се роди Јорам, од Јорам се роди Узија,

9. од Узија се роди Јотам, од Јотам се роди Ахаз, од Ахаз се роди Езекија,

10. од Езекија се роди Манаше, од Манаше се роди Амос, од Амос се роди Јошијаху,

11. од Јошијаху се родија Јаканјаху и неговите браќа, за време на прогонството во Вавилон.

12. По прогонството во Вавилон, од Јаканјаху се роди Шеалтиел, од Шеалтиел се роди Зерубавел,

13. од Зерубавел се роди Авихуд, од Авихуд се роди Елијаким, од Елијаким се роди Азур,

14. од Азур се роди Цадок, од Цадок се роди Јакин, од Јакин се роди Елихуд,

15. од Елихуд се роди Елазар, од Елазар се роди Матан, од Матан се роди Јаков,

16. од Јаков се роди Јосиф сопругот на Марија од којашто се роди Исус, наречен Месијата.

17. Тоа се вкупно четиринаесет поколенија од Авраам до Давид, четиринаесет поколенија од Давид до прогонството во Вавилон и четиринаесет поколенија од прогонството во Вавилон до Месијата.

18. А еве како се случи раѓањето на Исус, Месијата: Неговата мајка Марија беше свршена за Јосиф; но, уште додека таа беше девица, преку Светиот Дух во нејзината утроба се зачна дете.

19. Тогаш нејзиниот свршеник Јосиф, кој беше праведен човек и не сакаше јавно да ја посрами, реши во тајност да ја остави.

20. Но токму кога науми да го стори тоа, насон му се јави ангел Господов и му рече: „Јосифе, чедо Давидово, не плаши се да ја земеш Марија за жена, зашто Детето зачнато во неа е од Светиот Дух.

Прочитајте целосна глава Maтеј 1