Нов Завет

Maтеј 1:18-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. А еве како се случи раѓањето на Исус, Месијата: Неговата мајка Марија беше свршена за Јосиф; но, уште додека таа беше девица, преку Светиот Дух во нејзината утроба се зачна дете.

19. Тогаш нејзиниот свршеник Јосиф, кој беше праведен човек и не сакаше јавно да ја посрами, реши во тајност да ја остави.

20. Но токму кога науми да го стори тоа, насон му се јави ангел Господов и му рече: „Јосифе, чедо Давидово, не плаши се да ја земеш Марија за жена, зашто Детето зачнато во неа е од Светиот Дух.

21. Таа ќе роди Син на кој ќе Му дадеш име Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од неговите гревови.“

22. А сето ова се случи за да се исполни она што Господ го беше кажал преку пророкот Исаија:

23. „Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син; и ќе го наречат Имануел, што во превод значи ,Бог е со нас.‘“

24. Кога стана од спиење, Јосиф постапи така како што му беше наредил ангелот Господов, и ја зеде Марија за своја жена.

25. Но Јосиф ја запази Марија како девица, си додека таа не роди Син, на кој тој Му даде име Исус.

Прочитајте целосна глава Maтеј 1