1. Извештај за родословието на Исус, Месијата потомок на царот Давид, кој, пак, е потомок на Авраам:
2. Од Авраам се роди Исак, од Исак се роди Јаков, од Јаков се родија Јуда и неговите браќа,
3. од Јуда и жена му Тамара се родија Перец и Зера, од Перец се роди Хецрон, од Хецрон се роди Рам,
4. од Рам се роди Аминадав, од Аминадав се роди Нашон, од Нашон се роди Салмон,