Нов Завет

Марко 6:47-55 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

47. Доцна вечерта, додека Тој сe уште беше сам на копното, бротчето се наоѓаше некаде сред езерото.

48. Ги виде Своите ученици како се мачат, веслајќи спроти ветрот. Околу четири часот наутро, Исус се упати кон нив, одејќи по површината на езерото, со намера да им се придружи.

49. Кога учениците Го видоа како оди по водата, помислија дека е дух, па од страв почнаа да викаат. Сите Го видоа и многу се исплашија.

50. Но Тој веднаш им проговори: „Не плашете се, Јас сум! Смирете се!“

51. Потоа влезе кај нив, во бротчето, и ветрот наеднаш стивна. Учениците останаа наполно збунети!

52. Умовите им беа заслепени и не го сфатија значењето на претходната случка со лебовите.

53. Исус и Неговите ученици го препловија езерото и пристигнаа на брегот кај градот Генисарет.

54. Кога излегоа од бротчето, луѓето Го препознаа Исуса.

55. Се растрчаа по целиот крај, донесувајќи му болни на носила, откако ќе утврдеа на кое место се наоѓа Тој.

Прочитајте целосна глава Марко 6