Нов Завет

Марко 6:41-56 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

41. Исус ги зеде петте леба и двете риби, го поткрена погледот кон небото, ги благослови лебовите и ги раскрши. Потоа им ги подаваше на учениците кои им ги даваа на луѓето. На ист начин им делеше на сите и од двете риби.

42. Сите јадеа до наситување,

43. а учениците собраа и дванаесет полни кошници со парчиња што преостанаа од лебот и од рибите.

44. Оние што јадеа беа на број околу пет илјади машки глави, не сметајќи ги жените и децата.

45. Веднаш потоа Исус ги натера Своите ученици да се качат на бротчето и да отпловат на спротивната страна, кон Бетцаида, додека Тој да го отпушти народот.

46. Кога го испрати народот, Исус се искачи на гората за да се моли.

47. Доцна вечерта, додека Тој сe уште беше сам на копното, бротчето се наоѓаше некаде сред езерото.

48. Ги виде Своите ученици како се мачат, веслајќи спроти ветрот. Околу четири часот наутро, Исус се упати кон нив, одејќи по површината на езерото, со намера да им се придружи.

49. Кога учениците Го видоа како оди по водата, помислија дека е дух, па од страв почнаа да викаат. Сите Го видоа и многу се исплашија.

50. Но Тој веднаш им проговори: „Не плашете се, Јас сум! Смирете се!“

51. Потоа влезе кај нив, во бротчето, и ветрот наеднаш стивна. Учениците останаа наполно збунети!

52. Умовите им беа заслепени и не го сфатија значењето на претходната случка со лебовите.

53. Исус и Неговите ученици го препловија езерото и пристигнаа на брегот кај градот Генисарет.

54. Кога излегоа од бротчето, луѓето Го препознаа Исуса.

55. Се растрчаа по целиот крај, донесувајќи му болни на носила, откако ќе утврдеа на кое место се наоѓа Тој.

56. Во кое село, град или населба Исус ќе влезеше, на пазарите и по улиците, луѓето Му носеа болни и Го молеа да им дозволи барем да ја допрат Неговата наметка. И секој што ќе Го допреше, оздравуваше.

Прочитајте целосна глава Марко 6