Нов Завет

Марко 6:35-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. Во приквечерината кај Исус дојдоа Неговите ученици и Му рекоа: „Местово е пусто, а веќе е доцна.

36. Пушти ги луѓето да отидат по околните села и земјоделски имоти, за да си купат храна!“

37. „Дајте им вие нешто да јадат“ - им одговори Исус.“ Но тие му рекоа: „Да се купи леб за сиот овој народ, би ни требале повеќе од двесте денарии!“

38. „Одете и проверете колку лебови имате“ - им рече Исус. Откако проверија, Му рекоа: „Имаме пет леба и две риби!“

39. Тогаш Исус им даде упатства на учениците да ги поседнат луѓето на тревата, во групи.

40. Луѓето седнаа во групи од по сто и по педесет.

41. Исус ги зеде петте леба и двете риби, го поткрена погледот кон небото, ги благослови лебовите и ги раскрши. Потоа им ги подаваше на учениците кои им ги даваа на луѓето. На ист начин им делеше на сите и од двете риби.

42. Сите јадеа до наситување,

43. а учениците собраа и дванаесет полни кошници со парчиња што преостанаа од лебот и од рибите.

44. Оние што јадеа беа на број околу пет илјади машки глави, не сметајќи ги жените и децата.

Прочитајте целосна глава Марко 6