Нов Завет

Марко 6:33-40 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. но голем број луѓе видоа во кој правец отпловија, па побрзаа пеш од сите краишта и први втасаа таму.

34. Кога Исус излезе од бротчето, виде голема толпа народ, која прилегаше на стадо овци без пастир. Му падна жал за луѓето, па почна да ги поучува за многу нешта.

35. Во приквечерината кај Исус дојдоа Неговите ученици и Му рекоа: „Местово е пусто, а веќе е доцна.

36. Пушти ги луѓето да отидат по околните села и земјоделски имоти, за да си купат храна!“

37. „Дајте им вие нешто да јадат“ - им одговори Исус.“ Но тие му рекоа: „Да се купи леб за сиот овој народ, би ни требале повеќе од двесте денарии!“

38. „Одете и проверете колку лебови имате“ - им рече Исус. Откако проверија, Му рекоа: „Имаме пет леба и две риби!“

39. Тогаш Исус им даде упатства на учениците да ги поседнат луѓето на тревата, во групи.

40. Луѓето седнаа во групи од по сто и по педесет.

Прочитајте целосна глава Марко 6