Нов Завет

Марко 5:9-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Исус го праша: „Како се викаш?“ Човекот му одговори: „Се викам Легија, зашто во мене има цела легија демони!“

10. Потоа Го молеше Исуса да не ги брка од тој крај.

11. Недалеку од нив, на ридот пасеше едно големо крдо свињи.

12. Демонските духови Го молеа Исуса: „Испрати нe кај свињите, да се вселиме во нив!“

13. Исус им дозволи и демонските духови излегоа од човекот и влегоа во свињите. Целото крдо свињи, на број околу две илјади, јурна низ стрмнината право во езерото, при што сите свињи се удавија.

14. Свињарите се разбегаа и разгласија за ова по градот и по селата, така што народот излезе да види што се случило.

15. Кога дојдоа до Исус и го видоа човекот кој порано беше обземен од легија демони како седи облечен и со здрав ум, многу се исплашија.

16. Откако очевидците им раскажаа за она што се случи со човекот и со свињите,

17. луѓето Го замолија Исуса да си оди од нивниот крај.

18. Кога Исус се враќаше на бротчето, човекот кој дотогаш беше обземен од демони Го молеше и тој да тргне со Него.

Прочитајте целосна глава Марко 5