Нов Завет

Марко 5:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Деноноќно престојувал на гробиштата и по ридовите, врескајќи и удирајќи се со камења.

6. Кога уште оддалеку Го забележа Исуса, се стрча кон Него и клекна на колена.

7. Потоа со силен глас Му рече: „Исусе, Сине на Севишниот Бог, што сакаш да ми сториш!? Те заколнувам во Божјото име, немој да ме мачиш!“

8. Тој го рече ова затоа што Исус веќе му беше наредил на демонскиот дух да излезе од човекот.

Прочитајте целосна глава Марко 5