Нов Завет

Марко 5:28-33 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

28. Зашто, во себе си велеше: „Само да се допрам до Неговата облека - ќе оздравам!“

29. Крвавењето веднаш и запре и таа почувствува дека нејзиното тело оздраве.

30. Во истиот момент и Исус почувствува дека од Него излезе исцелителна сила. Обраќајќи му се на народот, запраша: „Кој се допре до мојата облека?“

31. Учениците Му одговорија: „Гледаш колку народ се турка околу Тебе и прашуваш кој Те допрел!?“

32. Но Исус се сврте да види кој Го допре.

33. Жената, тресејќи се од страв и знаејќи што се случи со неа, клекна на колена пред Него и Му ја кажа целата вистина.

Прочитајте целосна глава Марко 5