Нов Завет

Марко 5:26-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Се намачила одејќи по лекари на кои го потрошила сиот свој имот, но напразно - состојбата уште повеќе и се влошувала.

27. Оваа жена слушала што се зборува за Исус. Крадешкум, таа се доближи до Исус одзади и се допре до Неговата облека.

28. Зашто, во себе си велеше: „Само да се допрам до Неговата облека - ќе оздравам!“

29. Крвавењето веднаш и запре и таа почувствува дека нејзиното тело оздраве.

30. Во истиот момент и Исус почувствува дека од Него излезе исцелителна сила. Обраќајќи му се на народот, запраша: „Кој се допре до мојата облека?“

31. Учениците Му одговорија: „Гледаш колку народ се турка околу Тебе и прашуваш кој Те допрел!?“

32. Но Исус се сврте да види кој Го допре.

33. Жената, тресејќи се од страв и знаејќи што се случи со неа, клекна на колена пред Него и Му ја кажа целата вистина.

34. Исус и рече: „Ќерко! Ти оздраве врз основа на твојата вера. Оди си спокојна и здрава.“

Прочитајте целосна глава Марко 5