Нов Завет

Марко 5:18-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Кога Исус се враќаше на бротчето, човекот кој дотогаш беше обземен од демони Го молеше и тој да тргне со Него.

19. Но Исус не му дозволи, туку му рече: „Оди си дома и кажи им на твоите роднини што стори Господ за тебе со Своето милосрдие.“

20. Тогаш тој си замина и патуваше по пределот на Декаполис и на сите им раскажуваше за она што Исус го стори за него. И секој што ќе чуеше се восхитуваше.

21. Уште еднаш Исус отплови на спротивната страна од Галилејското Езеро. Тукушто излезе на брегот, многуброен народ се насобра околу Него.

22. Тогаш Му пристапи началникот на тамошната синагога, по име Јаир, клекна на колена

23. и почна сесрдно да Го моли: „Ќерката ми е на умирање! Дојди, положи раце врз неа за да оздрави и да живее!“

24. Тогаш Исус тргна со Јаир, а многуброен народ ги следеше, туркајќи се околу Него.

25. Меѓу народот имаше една жена која крвавела веќе дванаесет години.

Прочитајте целосна глава Марко 5