Нов Завет

Марко 5:11-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

11. Недалеку од нив, на ридот пасеше едно големо крдо свињи.

12. Демонските духови Го молеа Исуса: „Испрати нe кај свињите, да се вселиме во нив!“

13. Исус им дозволи и демонските духови излегоа од човекот и влегоа во свињите. Целото крдо свињи, на број околу две илјади, јурна низ стрмнината право во езерото, при што сите свињи се удавија.

14. Свињарите се разбегаа и разгласија за ова по градот и по селата, така што народот излезе да види што се случило.

15. Кога дојдоа до Исус и го видоа човекот кој порано беше обземен од легија демони како седи облечен и со здрав ум, многу се исплашија.

16. Откако очевидците им раскажаа за она што се случи со човекот и со свињите,

17. луѓето Го замолија Исуса да си оди од нивниот крај.

18. Кога Исус се враќаше на бротчето, човекот кој дотогаш беше обземен од демони Го молеше и тој да тргне со Него.

19. Но Исус не му дозволи, туку му рече: „Оди си дома и кажи им на твоите роднини што стори Господ за тебе со Своето милосрдие.“

Прочитајте целосна глава Марко 5