Нов Завет

Марко 5:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Исус и Неговите ученици пристигнаа на спротивниот брег на Галилејското Езеро, во пределот на градот Гераса.

2. Тукушто излезе од бротчето, откај гробиштата во пресрет му тргна еден човек обземен со демонски духови.

3. Човекот живеел по гробниците и никој веќе не бил во состојба ни со син?ири да го врзе.

4. Честопати го врзувале со син?ири и му ставале окови, но тој секојпат ги кинел син?ирите и ги кршел оковите. Никој не можел да го скроти.

5. Деноноќно престојувал на гробиштата и по ридовите, врескајќи и удирајќи се со камења.

6. Кога уште оддалеку Го забележа Исуса, се стрча кон Него и клекна на колена.

Прочитајте целосна глава Марко 5