Нов Завет

Марко 3:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Потоа Исус се упати кон гората, повикувајќи ги со Себе и оние што ги беше избрал. Тие Му се придружија.

14. Од нив Тој избра дванаесет души да бидат Негови апостоли: да Го придружуваат и да ги испраќа да проповедаат.

15. Исто така и да ги ослободуваат луѓето обземени од демони.

16. А дванаесеттемина беа овие: Симон, кого Исус го нарече Петар,

17. Завдаевите синови Јаков и Јован, кои Исус ги нарече „грмежливи синови“,

Прочитајте целосна глава Марко 3