Нов Завет

Марко 3:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Исус повторно влезе во тамошната синагога и таму сретна еден човек со парализирана рака.

2. Фарисеите сакаа да Го обвинат Исуса, па Го демнеа, за да видат дали ќе го исцели човекот во саботен ден.

3. Исус му се обрати на човекот со парализирана рака: „Дојди, застани пред сите!“

4. Потоа праша: „Што треба да се прави во сабота: добро или лошо? Да се спаси некој човечки живот, или да се уништи?“ Сите молчеа.

Прочитајте целосна глава Марко 3