Нов Завет

Марко 2:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. По извесно време, Исус повторно се врати во Кафарнаум и набргу се дозна дека Тој е дома.

2. Тогаш толку народ се насобра, што веќе немаше место ни пред вратата. Исус им ја проповедаше Божјата порака.

3. Четворица мажи, носејќи на носила еден парализиран човек, се упатија кон Исус.

4. Бидејќи не можеа да дојдат до Него, поради многубројниот народ, тие се искачија на кровот, направија отвор над местото каде што стоеше Исус и ги спуштија носилата со парализираниот човек.

5. Гледајќи со колкава вера го прават ова, Исус му рече на парализираниот: „Синко, гревовите ти се простуваат!“

6. Тука беа присутни и некои вероучители, кои во себе почнаа да се прашуваат:

7. „Како смее да зборува вака!? Тој се прави Бог! Кој може да простува гревови освен Бог!?“

Прочитајте целосна глава Марко 2