Нов Завет

Марко 16:7-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

7. Одете и кажете им на Неговите ученици, и особено на Петар: ,Исус ќе ве чека во Галилеја. Таму ќе Го видите, како што ви беше кажал!‘“

8. Жените избегаа од гробницата, тресејќи се од страв. Толку беа исплашени, што никому ништо не кажуваа.

9. Рано изутрината во неделата, кога Исус воскресна од мртвите, и се појави на Марија од Магдала. (Порано Исус ја беше ослободил од седум демони кои беа во неа.)

10. Таа отиде и им кажа на Исусовите следбеници кои тагуваа и плачеа.

11. Но тие, кога слушнаа дека Исус е жив, не поверуваа, иако Марија им кажа дека Го видела.

Прочитајте целосна глава Марко 16