Нов Завет

Марко 16:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. По саботата, Марија од Магдала, Салома и Марија - мајката на Јаков - купија мириси за балсамирање на Исусовото тело.

2. Во раните зори на Неделата, при изгрејсонце, тие се упатија кон гробницата.

3. Одејќи, почнаа да се прашуваат: „Како ќе го тргнеме каменот од отворот на гробницата?“

4. Но кога втасаа таму и погледнаа, забележаа дека тешкиот камен е веќе отстранет! А каменот беше навистина голем!

5. Жените влегоа во гробницата и на десната страна видоа седнат еден млад човек во долга бела облека. Многу се исплашија!

6. Но ангелот им рече: „Не плашете се! Вие го барате Назареќанецот Исус, Кој беше распнат. Тој воскресна и не е овде! Еве го местото каде што беше положено Неговото тело.

Прочитајте целосна глава Марко 16