Нов Завет

Марко 15:38-47 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Во истиот момент, завесата во храмот се расцепи на два дела, озгора додолу.

39. Таму, спроти Исус, стоеше и еден римски офицер. Кога Тој виде како умре Исус, рече: „Овој човек навистина беше Божјиот Син!“

40. Тука, на Голгота, беа и извесен број жени, кои оддалеку набљудуваа. Меѓу нив беа: Марија од Магдала, Марија - мајката на браќата Јаков помладиот и Јосиф, потоа Салома и многу други.

41. Овие жени дојдоа во Ерусалим заедно со Исус, а со Него одеа и Му помагаа уште во Галилеја.

42. Настапи вечерта, спроти сабота, кога Евреите се подготвуваат за саботен одмор.

43. Еден човек, по име Јосиф, од Ариматеја, кој беше истакнат член на еврејскиот Врховен совет, а и самиот го очекуваше Божјото царство, храбро влезе кај Пилат и Го побара телото на Исус.

44. Пилат се изненади дека Исус веќе умрел, па го повика одговорниот офицер за да провери колку време има откако Исус умрел.

45. Штом ја доби оваа информација, Пилат му одобри на Јосиф да го земе Исусовото мртво тело.

46. Јосиф купи платно, го симна телото на Исус од крстот и го завитка во платното. Потоа го положи во гробницата што беше издлабена во карпа и влезот го затвори со голем камен.

47. Марија од Магдала и другата Марија - мајката на Јосиф - внимателно гледаа каде беше положено телото на Исус.

Прочитајте целосна глава Марко 15