Нов Завет

Марко 15:38-42 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

38. Во истиот момент, завесата во храмот се расцепи на два дела, озгора додолу.

39. Таму, спроти Исус, стоеше и еден римски офицер. Кога Тој виде како умре Исус, рече: „Овој човек навистина беше Божјиот Син!“

40. Тука, на Голгота, беа и извесен број жени, кои оддалеку набљудуваа. Меѓу нив беа: Марија од Магдала, Марија - мајката на браќата Јаков помладиот и Јосиф, потоа Салома и многу други.

41. Овие жени дојдоа во Ерусалим заедно со Исус, а со Него одеа и Му помагаа уште во Галилеја.

42. Настапи вечерта, спроти сабота, кога Евреите се подготвуваат за саботен одмор.

Прочитајте целосна глава Марко 15