Нов Завет

Марко 15:3-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

3. Свештеничките поглавари изнесуваа жестоки обвиненија против Исус.

4. Пилат повторно Го праша: „Зар нема ништо да кажеш на овие тешки обвиненија против Тебе?“

5. Но Исус на ништо повеќе не одговараше, на што Пилат многу се чудеше.

6. А на секој празник Пасха гувернерот им пушташе од затвор еден затвореник, по избор на народот.

7. Во тоа време в затвор беше еден човек по име Бараба, уапсен заедно со други бунтовници кои за време на еден бунт извршиле убиства.

8. Народот се качи горе кај Пилат и побара да им пушти еден затвореник, како и обично.

9. Пилат ги праша: „Сакате ли да ви Го пуштам Царот на Евреите?“

Прочитајте целосна глава Марко 15