Нов Завет

Марко 15:24-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Го распнаа Исуса на крст, а Неговата облека со жрепка си ја разделија меѓу себе.

25. Беше околу девет часот претпладне кога Го распнаа Исуса.

26. Поставија и натпис кој ја опишуваше Неговата вина. Натписот гласеше: „Цар на Евреите“.

27. Заедно со Исус распнаа и двајца злосторници: едниот од десната, а другиот од левата страна на Исус.

28. (Со тоа се исполни Светото Писмо, кое претскажа: ,Ќе биде изедначен со злосторници‘.)

29. Минувачите Го навредуваа Исуса, нишаа глави и говореа: „Ти што тврдеше дека ќе ни го урнеш храмот и за три дена повторно ќе го изградиш,

30. слези од крстот и спаси се!“

31. На сличен начин Му се подбиваа и свештеничките поглавари и вероучителите, велејќи: „Други спасуваше, а Самиот не може да се спаси!

32. Ако е Тој Месијата и царот на Израел - нека слезе сега од крстот! Да видиме, па ќе поверуваме!“ Го навредуваа дури и оние што беа распнати со Него.

33. Напладне се спушти густа темнина по целата земја и траеше до петнаесет часот.

34. Во петнаесет часот, Исус извика со силен глас: „Ели, Ели, л’мах ш’вактани!?“ Тоа значи: „Боже Мој, Боже Мој, зошто Ме остави?“

35. Некои од присутните го слушнаа ова, но погрешно го разбраа, па рекоа: „Го довикува Илија!“

Прочитајте целосна глава Марко 15