Нов Завет

Марко 15:24-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

24. Го распнаа Исуса на крст, а Неговата облека со жрепка си ја разделија меѓу себе.

25. Беше околу девет часот претпладне кога Го распнаа Исуса.

26. Поставија и натпис кој ја опишуваше Неговата вина. Натписот гласеше: „Цар на Евреите“.

27. Заедно со Исус распнаа и двајца злосторници: едниот од десната, а другиот од левата страна на Исус.

28. (Со тоа се исполни Светото Писмо, кое претскажа: ,Ќе биде изедначен со злосторници‘.)

Прочитајте целосна глава Марко 15