Нов Завет

Марко 15:17-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Му облекоа црвена наметка, а на главата Му ставија венец исплетен од трнови гранчиња.

18. Потоа почнаа да Му се подбиваат, викајќи: „Здраво, Цару на Евреите!“

19. Го удираа по главата со стап, Го плукаа и Му се клањаа, преправајќи се дека Го обожаваат.

Прочитајте целосна глава Марко 15