Нов Завет

Марко 15:15-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

15. Тогаш Пилат, сакајќи да ја задоволи толпата, го ослободи Бараба, а Исуса Го предаде на камшикување, а потоа и на римските војници да Го распнат.

16. Војниците Го воведоа Исуса во дворот на палатата, во таканаречениот ,преториј‘ и повикаа уште цела чета војници.

17. Му облекоа црвена наметка, а на главата Му ставија венец исплетен од трнови гранчиња.

18. Потоа почнаа да Му се подбиваат, викајќи: „Здраво, Цару на Евреите!“

19. Го удираа по главата со стап, Го плукаа и Му се клањаа, преправајќи се дека Го обожаваат.

20. Откако доволно се подбиваа со Исус, Му ја соблекоа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата облека. Потоа Го поведоа на распнување.

21. Натераа еден случаен минувач, кој се враќаше од полето, да го носи крстот за распнување на Исус. Човекот се викаше Симон и по потекло беше од Киренеја. Тој им беше татко на Александар и на Руфус.

22. Војниците Го одведоа Исуса на Голгота, што во превод значи ,Череп‘.

Прочитајте целосна глава Марко 15