Нов Завет

Марко 15:10-19 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. Пилат знаеше дека свештеничките поглавари му го доведоа Исуса од завист.

11. Но свештеничките поглавари го наговорија народот од Пилат да бара ослободување на Бараба.

12. Пилат повторно му се обрати на народот, прашувајќи го: „А што да правам со овој човек што Го нарекувате Цар на Евреите?“

13. Тие гласно извикаа: „Распни Го на крст!“

14. Пилат ги праша: „А какво злосторство извршил?“ Но тие уште погласно викаа: „Распни Го на крст!“

15. Тогаш Пилат, сакајќи да ја задоволи толпата, го ослободи Бараба, а Исуса Го предаде на камшикување, а потоа и на римските војници да Го распнат.

16. Војниците Го воведоа Исуса во дворот на палатата, во таканаречениот ,преториј‘ и повикаа уште цела чета војници.

17. Му облекоа црвена наметка, а на главата Му ставија венец исплетен од трнови гранчиња.

18. Потоа почнаа да Му се подбиваат, викајќи: „Здраво, Цару на Евреите!“

19. Го удираа по главата со стап, Го плукаа и Му се клањаа, преправајќи се дека Го обожаваат.

Прочитајте целосна глава Марко 15