Нов Завет

Марко 15:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Рано утредента, свештеничките поглавари, народните старешини и вероучителите се состанаа заедно со Врховниот совет. Тие Го врзаа Исуса и Го одведоа кај римскиот гувернер Пилат, предавајќи го во негова надлежност.

2. Пилат почна да Го испрашува: „Ти ли си Царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“

3. Свештеничките поглавари изнесуваа жестоки обвиненија против Исус.

4. Пилат повторно Го праша: „Зар нема ништо да кажеш на овие тешки обвиненија против Тебе?“

5. Но Исус на ништо повеќе не одговараше, на што Пилат многу се чудеше.

6. А на секој празник Пасха гувернерот им пушташе од затвор еден затвореник, по избор на народот.

7. Во тоа време в затвор беше еден човек по име Бараба, уапсен заедно со други бунтовници кои за време на еден бунт извршиле убиства.

Прочитајте целосна глава Марко 15