Нов Завет

Марко 14:57-60 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

57. Тогаш станаа некои луѓе и изнесоа лаги, велејќи:

58. „Лично Го чувме како вели: ,Ќе го разурнам овој храм изграден со човечка рака и за три дена ќе изградам друг што нема да биде изграден од човечка рака!‘“

59. Но и нивните обвинувања не се совпаѓаа едни со други.

60. Конечно, пред присутните стана Првосвештеникот и Му се обрати на Исус: „Зар нема ништо да одговориш на овие обвинувања против Тебе!?“

Прочитајте целосна глава Марко 14