Нов Завет

Марко 13:9-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Исус продолжи: „Внимавајте на себе! Ќе ве тужат на судови и ќе ве тепаат во храмовите. Поради вашата вера во Мене, ќе ве изведуваат пред управници и пред владетели. Но тоа ќе биде за да им се посведочи и ним.

10. А пред да дојде крајот, Радосната вест ќе им се проповеда на сите народи.

11. Кога ќе ве притвораат, не грижете се однапред што ќе зборувате. Во тие моменти Бог ќе ви ги даде вистинските зборови што ќе треба да ги кажете. Зашто вашата одбрана нема да доаѓа од вас, туку од Светиот Дух.

12. Браќа ќе се предаваат еден со друг и родители ќе ги предаваат своите деца на смрт. Децата ќе се креваат против родителите и ќе ги убиваат.

13. Сите ќе ве мразат поради вашата вера во Мене. Само тие што ќе останат верни докрај ќе бидат спасени.“

14. Во продолжение Исус рече: „Кога ќе видите дека ,богохулникот што пустоши‘ се сместува таму каде што не би смеел (секој што го чита ова, треба да го разбере!), тогаш тие што живеат во Јудеја нека бегаат во планините!

15. Кој ќе се најде искачен на покрив, нека не слегува во куќата за да земе нешто,

16. а кој ќе се најде во полето, нека не се враќа дома по облека.

17. Тоа време ќе биде страшно за бремените жени и за доилките!

Прочитајте целосна глава Марко 13