Нов Завет

Марко 13:31-37 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

31. Небото и Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!

32. А што се однесува до точното време и час - тоа никој не го знае, дури ни ангелите на небото, па ни Синот Човечки, туку само небесниот Татко!

33. Затоа, бидете духовно будни и подготвени, бидејќи не знаете кога точно ќе настапи тоа време!

34. Враќањето на Месијата може да се спореди со човек кој заминува на пат и им ја предава грижата за куќата на своите слуги. На секој од нив му дава задолжение, а на чуварот му наредува да бдее.

35. Значи, бидете будни, зашто не знаете во кој час ќе се врати господарот на куќата! Тој може да се врати навечер или на полноќ или во раните мугри кога петлите пеат!

36. Да не ве изненади и затекне на спиење!

37. Тоа што ви го велам вам, им го кажувам на сите: Бидете духовно будни!“

Прочитајте целосна глава Марко 13