Нов Завет

Марко 12:32-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

32. Вероучителот рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека има само еден Бог.

33. Да се сака Бог со сето срце, разум и снага и да се сака ближниот како самиот себе е повредно од секаков вид жртва!“

34. Кога Исус виде дека човекот даде умен одговор, му рече: „Не си далеку од Божјото царство!“ По ова, на Исус никој повеќе не се осмели да му поставува прашања.

35. Подоцна, додека поучуваше во храмот, Исус рече: „Како можат вероучителите да тврдат дека Месијата му е син на Давид,

36. кога самиот Давид, поттикнат од Светиот Дух, рекол: ,Му рече Јахве на мојот Господ: Седни од Мојата десна страна, додека не ги соборам Твоите непријатели под нозете Твои!‘

37. Ако самиот Давид Го нарекол Месијата свој Господ, како тогаш Месијата може да му биде син!?“ Многубројниот народ со одушевување го слушаше учењето на Исус.

38. Продолжувајќи да поучува, Исус рече: „Пазете се од вероучителите! Тие уживаат да се шетаат во долги мантии и да бидат поздравувани на јавните места.

39. Ги сакаат челните места во храмовите и почесните места на гозбите.

Прочитајте целосна глава Марко 12