Нов Завет

Марко 12:21-25 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Вториот брат се ожени со вдовицата на својот починат брат, но и тој умре без деца. Истото се случи и со третиот брат.

22. Ниту еден од седумтемина не остави потомство. На крајот умре и жената.

23. Кога ќе воскреснат од мртвите, чија жена ќе биде таа, со оглед на тоа што им била сопруга на сите седум браќа!?“

24. Исус им одговори: „Вие сте во заблуда, бидејќи не го знаете учењето на Светото Писмо! А не ја знаете ни Божјата сила!

25. Кога луѓето ќе воскреснат од мртвите нема да бидат ни женети ни мажени. Тие ќе бидат како ангели на небото.

Прочитајте целосна глава Марко 12