Нов Завет

Марко 10:48-52 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

48. Мнозина се обидуваа да го замолкнат, но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, покажи милост спрема мене!“

49. Исус застана и рече: „Викнете го овде!“ Луѓето го повикаа слепиот и му говореа: „Не плаши се, дојди, Тој те вика!“

50. Човекот го фрли своето палто, рипна и потрча кон Исус.

51. „Што сакаш да сторам за тебе?“ - го праша Исус. Слепиот одговори: „Учителе, сакам да прогледам!“

52. Исус му рече: „В ред; твојата вера те исцели!“ Човекот веднаш прогледа и Му се придружи на Исус.

Прочитајте целосна глава Марко 10