Нов Завет

Марко 10:45-52 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

45. зашто и Јас, Синот Човечки, не дојдов на светот за да Ми служат, туку да им служам на луѓето и да го дадам Својот живот како откупнина за мнозина!“

46. Исус и Неговите ученици пристигнаа во градот Јерихо. На излегување од градот многуброен народ одеше по нив. Покрај патот седеше еден слеп питач, по име Бартимеј - син на Тимеј.

47. Кога слушна дека овде минува Исус Назареќанецот, тој почна да вика: „Исусе, Сине Давидов, покажи милост спрема мене!“

48. Мнозина се обидуваа да го замолкнат, но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, покажи милост спрема мене!“

49. Исус застана и рече: „Викнете го овде!“ Луѓето го повикаа слепиот и му говореа: „Не плаши се, дојди, Тој те вика!“

50. Човекот го фрли своето палто, рипна и потрча кон Исус.

51. „Што сакаш да сторам за тебе?“ - го праша Исус. Слепиот одговори: „Учителе, сакам да прогледам!“

52. Исус му рече: „В ред; твојата вера те исцели!“ Човекот веднаш прогледа и Му се придружи на Исус.

Прочитајте целосна глава Марко 10