Нов Завет

Марко 10:22-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

22. Кога го чу ова, човекот си замина разочаран и тажен, бидејќи поседуваше голем имот.

23. Исус погледна наоколу и им се обрати на Своите ученици: „Колку им е тешко на богатите да влезат во Божјото царство!“

24. Учениците се изненадија од овие зборови, но Исус продолжи: „Чеда! Тешко се влегува во Божјото царство!

25. Полесно камила ќе се спровре низ иглени уши, отколку богат човек да влезе во Божјото царство!“

26. Учениците уште повеќе се збунија, па почнаа да си шепотат еден на друг: „Тогаш, кој може да се спаси!?“

27. Исус впечатливо ги погледна и им рече: „За луѓето е невозможно, но за Бог нема ништо невозможно!“

28. Петар Му рече: „Ете, ние оставивме сe и станавме Твои следбеници!“

29. Исус му одговори: „Ве уверувам дека секој што заради Мене и Евангелието оставил куќа, или браќа, или сестри, или мајка, или татко, или деца, или земја,

30. ќе биде награден. Веќе на овој свет, таквиот ќе добие стопати повеќе куќи, браќа, сестри, мајки, деца, земја ... иако ќе има и прогонства. А во идниот свет ќе има вечен живот.

Прочитајте целосна глава Марко 10